НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ И 50 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА КОНЦЕРТ НА АРИЈАНА ГРАНДЕ ВО МАНЧЕСТЕР

    НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ И 50 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА КОНЦЕРТ НА АРИЈАНА ГРАНДЕ ВО МАНЧЕСТЕРЕксплозијата се случила околу 22.30 часот по локално време, потврди полицијата. - Од евакуацијата на повредените (Фото: Ројтерс)

    Најмалку 19 луѓе загинаа, а 50 се повредени во експлозија веднаш по концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, потврди британската полиција.

    „Досега, има потврда за 19 загинати, а 50 други се повредени. Ова во моментов се третира како терористички инцидент сè додека полицијата не утврди поинаку“, соопшти манчестерската полиција.

    Полицијата направи кордон околу салата и блиската железничка станица, а областа ја надлетува хеликоптер. На местото пристигнаа и возила на полицијата за демонтирање бомби

    „Манчестер арена“, кадешто се одржуваше концертот, е најголемата затворена сала во Европа со капацитет од 21.000 места. Портпаролот на дискографската куќа на Аријана Гранде кажа дека пејачката е добро.

    Првичните информации се дека многумина настрадале во стампедото што следувало во паниката по експлозијата.

    За повеќе информации следете нè на Фејсбук, Твитер и sdk.mk

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира