НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ ВО КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ ВО ГЕРМАНИЈА, ПОГОДЕНИ И БЕЛГИЈА И ХОЛАНДИЈА

    НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ ВО КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ ВО ГЕРМАНИЈА, ПОГОДЕНИ И БЕЛГИЈА И ХОЛАНДИЈАПоплавите се резултат на рекордните врнежи во делови од западна Европа, поради што реките се излеаја од коритата. (Фото: Принтскрин од видео на Би-Би-Си)

    Најмалку 19-мина загинати и многу исчезнати има во големите поплави по рекорднире врнежи во западна Германија, соопшти полицијата. Најтешко погодени се сојузните држави Рајнланд-Палатинате и Северна Рајна-Вестфалија, каде надојдената вода однесе куќи и коли.

    Двајца загинати има и во соседна Белгија, а тешко е погодена и Холандија.

    Поплавите се резултат на рекордните врнежи во делови од западна Европа, поради што реките се излеаја од коритата.

    Владата на Рајнланд-Палатинате вели дека состојбата е катастрофална и дека се исчезнати најмалку 70 луѓе. На терен се полицијата и војската, дел од училиштата се затворени, а теко се оштетени и патиштата и пругите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира