Најмалку 235 луѓе загинаа, а над 4.300 се повредени во двата силни земјотреса што ја погодија Венецуела, додека продолжува потрагата низ урнатините. Во Каракас и соседниот крајбрежен град Ла Гварија можат да се слушнат луѓе како бараат помош од урнатите згради.
Првиот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала беше следен од уште посилен од 7,5 степени за помалку од една минута и двата биле релативно плитки, што ги направило уништувањата уште посериозни.
Многу поголем број на луѓе се сметаат за мртви, додека други останаа без домови или се плашат да се вратат во оштетени и небезбедни згради, па спијат на улица по катастрофата. Голем број држави од целиот свет ветија помош или веќе ја имаат испратено. Американската војска испраќа транспортни бродови и авиони за поддршка на екипите за пребарување и спасување.
Шефот на Националното собрание, Хорхе Родригес, изјави дека бројот на жртви ќе расте, додека претседателката Делси Родригес прогласи вонредна состојба.
„Околу 250 згради се оштетени или изгубени, најмногу во Ла Гварија, но згради се урна и во Каракас и други градови и области“, рече Хорхе Родригес.
Главниот аеродром во Венецуела е затворен поради сериозни штети.
„Веројатно ќе има голем број жртви и обемна штета, а катастрофата ќе биде широко распространета“, процени Американскиот геолошки институт.



