НАЈМАЛКУ 27 УБИЕНИ ПРИ ПУКАЊЕ ВО ЦРКВА ВО ТЕКСАС

    НАЈМАЛКУ 27 УБИЕНИ ПРИ ПУКАЊЕ ВО ЦРКВА ВО ТЕКСАС

    Најмалку 27 лица се убиени а над 20 повредени при пукање во црква во Тексас, за време на утринската миса, јавуваат агенциите.

    Околу 11 часот маж влегол во црквата во малото гратче Садерлент Спринг,  и почнал да пука. Според досегашните информации од полицијата напаѓачот е мртов.

    На местото се наоѓаат и агенти на ФБИ. Сеуште не се знае мотивот за нападот. Досегашните информации се дека станува збор за еден напаѓач, но полицијата и ФБИ  разгледуваат и други можности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира