НАЈМАЛКУ 36 ЗАГИНАТИ И 147 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Истанбул,(разниизвори)

    НАЈМАЛКУ 36 ЗАГИНАТИ И 147 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ

    Најмалку 36 загинале и 147 се повредени во терористичкиот напад на истанбулскиот аеродром, соопшти турскиот премиер Бинали Јилдирим, јави Си Ен Ен. Бројот на жртви од комбинираниот напад на тројца бомбаши самоубијци се уште не е конечен. Нападот се случи на меѓунардониот  терминал за пристигнувања на аеродромот Ататурк, трет по број на патници во Европа.

    Еден од напаѓачите пукал во патничкиот терминал кај пунктот за сигурносен преглед на патниците, по што бил ранет. Сигурносните камери покажуваат како тој лежи на подот и потоа се разнесува со експлозив.

    Аеродромот е затворен за сообраќај. Авионот на Туркиш ерлајнс што од Скопје полета за Истанбул во 21.00 часот во вторникот, беше пренасочен и околу полноќ слета на аеродромот во Измир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари