НАЈМАЛКУ 4 ЗАГИНАТИ ПО ЕКСПЛОЗИЈА НА ВОЗ СО ЦИСТЕРНИ ГОРИВО ВО БУГАРИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Софија,(БГНЕС)

    НАЈМАЛКУ 4 ЗАГИНАТИ ПО ЕКСПЛОЗИЈА НА ВОЗ СО ЦИСТЕРНИ ГОРИВО ВО БУГАРИЈА

    Најмалку 4 се загинати и 23 се повредени во Бугарија во експлозија по превртување на воз со цистерни полни со гориво во близина на железничката станица во Хитрино, во близина на Шумен, јави агенцијата БГНЕС.  Има и 20 разурнати згради во близина на железничкиот премин.

    Несреќата се случила утрово околу 5.45 часот. Првичните информации се дека возот превезувал 26 цистерни со пропан бутан и пропилен. По превртувањето една од цистерните се запалила по што настанала експлозија. Дванаесетмина се извлечени од под урнатините.

    БГНЕС јавува дека е можно бројот на загинатите да е поголем, оти областа наликува на бојно поле.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира