Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека најмалку 48 луѓе загинаа во руски артилериски напад што погоди продавница близу источниот град Купјанск.
Олег Синохубов, претседателот на регионална воена администрација на Харкив, рече дека руските сили гранатирале кафуле и продавница во селото Грозна во областа Купјанск.
„Денеска, околу 13.15 часот, Русите гранатираа кафуле и продавница во селото Грозна, област Купјанск, каде што имаше многу цивили“, напиша Синохубов на „Телеграм“.
Тој додаде дека спасувачките екипи сè уште работат на извлекување на жртвите и досега се извлечени 48 тела, вклучувајќи и 6-годишно момче.
Зеленски, кој е во посета на Шпанија, кажа дека нападот е намерен терористички напад.