НАЈМАЛКУ 9 ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАС ВО ЗГРАДА ВО РУСИЈА

    НАЈМАЛКУ 9 ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАС ВО ЗГРАДА ВО РУСИЈАДел од 33-те лица кои живееле во зградата сè уште се водат како исчезнати. (Фото: Принтскрин од Телеграм)

    Во експлозија на гас во станбена зграда загинаа најмалку девет луѓе, вклучувајќи четири деца, на островот Сахалин на далечниот исток на Русија, соопштија регионалните власти.

    Дел од петкатна зграда во градот Тимовскоје се сруши откако боца со гас експлодираше во еден од становите околу 5.30 часот по московско време.

    Гувернерот на Сахалин Валери Лимаренко на Телеграм напиша дека спасувачките тимови трагаат по преживеани во рушевините. Тој додаде дека дел од 33-те лица кои живееле во зградата сè уште се водат како исчезнати.

    Регионалниот обвинител отвори истрага за експлозијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира