НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ФАБРИКА ЗА РАКЕТИ КРАЈ БЕЛГРАД

    НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ФАБРИКА ЗА РАКЕТИ КРАЈ БЕЛГРАДВо фабриката имало околу 40 вработени и неколкумина се водат како исчезнати (Фото: Твитер)

    Најмалку две лица загинаа во експлозија во фабрика за ракети во околината на Белград, а 16 се повредени. Српските медиуми објавија дека инцидентот се случил во фабриката „Едепро“ во населбата Лештане, која произведува делови, турбомотори и гориво за ракети против град.

    „Екипите на брза помош се на терен и ќе останат уште долго, бидејќи од кругот на фабриката и натаму се слушаат експлозии, поради што не е можен пристап“, кажаа од министерството на внатрешни работи.

    РТС објави дека во моментот на несреќата во фабриката имало околу 40 вработени и неколкумина се водат како исчезнати. Снимките објавени на Твитер покажуваат и автомобили што горат.

    Засега нема информации што ја предизвикало експлозијата, која, според локалните жители, била многу силна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира