НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ПУКАЊЕТО ВО УТРЕХТ, СЕ ТРАГА ПО ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН

    НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ПУКАЊЕТО ВО УТРЕХТ, СЕ ТРАГА ПО ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИНПолицијата верува дека станува збор за терористички напад (Фото: ЕПА)

    Најмалку тројца се убиени во пукањето што утрово се случи во трамвај во центарот на холандскиот град Утрехт, при што има и неколку повредени.

    „Терористички мотив не е исклучен“, изјави портпаролот на полицијата Бернхард Јенс.

    Тој не потврди дали има загинати, но холандските медиуми објавија дека имало најмалку едно тело на самото место, а 20-ина луѓе се примени во болница. Нивото на закана од тероризам привремено е кренато на највисоко ниво за регионот на Утрехт.

    Локалната полиција објави снимки од осомничениот напаѓач, кој е идентификуван како 37-годишник роден во Турција, додавајќи дека тој и натаму е во бегство.

    „Се чини дека ова е терористички напад. Станува збор за сложена операција. Сите наши сили се фокусирани на ова“, кажа националниот координатор за антитероризам, Питер-Јап Алберсберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира