НАЈМАЛКУ СЕДУММИНА ЗАГИНАТИ, ОД КОИ ТРИ ДЕЦА, ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД НА ХАРКИВ

    НАЈМАЛКУ СЕДУММИНА ЗАГИНАТИ, ОД КОИ ТРИ ДЕЦА, ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД НА ХАРКИВВо нападот била погодена бензинска пумпа, што предизвикало голем пожар (Фото: Телеграм)

    Најмалку седуммина цивили, вклучувајќи три деца, загинале во руски напад со дронови врз Харкив, изјави регионалниот гувернер Олег Синебухов. Тој кажа дека руските сили доцна синоќа го нападнале градот со ирански дронови „шахед“.

    Како резултат на нападите, загинаа седуммина луѓе, меѓу кои и деца на возраст од седум и четири години и шестмесечно бебе“, кажа Синебухов.

    Во нападот била погодена бензинска пумпа, поради што избувнал голем пожар, во кој изгореле 15 домови. Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко изјави дека притоа биле спасени повеќе од 50 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира