НАЈМАЛКУ ШЕСТ ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА НА МОСТ ВО ДАНСКА

    НАЈМАЛКУ ШЕСТ ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА НА МОСТ ВО ДАНСКАЛокалните медиуми објавија дека патнички воз бил погоден од предмети што летнале од товарен воз (Фото: Ројтерс)

    Најмалку шест луѓе загинаа во железничката несреќа на мост кој поврзува два дански острови, потврдија властите.

    Мостот „Грејт белт“, што ги поврзува централните острови Зеланд и Фунен и што секој ден го поминуваат десетици илјади возила, беше затворен за сообраќај по несреќата што се случи во осум часот утрово. Властите не соопштија други детали за трагедијата.

    Локалните медиуми јавија дека патничкиот воз што се движел кон Копенхаген бил погоден од предмети што летнале од товарен воз во моментите кога на мостот дувал силен ветер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира