НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА УБИЕНИ ВО НАПАДОТ НА ПАКИСТАНСКАТА БЕРЗА

    НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА УБИЕНИ ВО НАПАДОТ НА ПАКИСТАНСКАТА БЕРЗАНапаѓачите прво фрлиле гранати, по што почнале да пукаат (Фото: Ројтерс)

    Најмалку две лица се убиени во нападот на пакистанската берза во Карачи, а уште неколкумина се повредени. Напаѓачите упаднале во зградата откако фрлиле гранати на главниот влез.

    Полицијата кажа дека сите четворица тешко вооружени напаѓачи се убиени. Непознато е дали се вмешани уште напаѓачи и на која група ѝ припаѓале.

    „Ситуацијата сѐ уште се расчистува. Напаѓачите дошле од паркингот, по што почнале да пукаат наоколу“, изјави директорот на берзата Абид Али Хабиб.

    Берзата во Карачи е најстарата и најголема во Пакистан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира