Мексиканскиот наркобос Хоакин Гусман, попознат како Ел Чапо, е прогласен за виновен по сите десет обвиненија во спорот што се водеше во федерален суд во Њујорк и го очекува долгогодишна затворска казна. Шеесет и едногодишниот Гусман повторно беше фатен во јануари 2016 година, откако пет месеци порано спектакуларно избега од затвор преку тунел.
На него му се судеше како на лидер на семоќниот наркокартел Синалоа, за кој обвинителите кажаа дека бил најголем снабдувач на САД со дрога. Голем број соработници на Ел Чапо сведочеа против него.
Водејќи го картелот во северно Мексико, Гусман своевремено беше на листата на најбогатите луѓе на светот на магазинот „Форбс“, откако беше проценет на една милијарда долари. Гусман беше обвинет дека помогнал во САД да се пренесат илјадници тони кокаин, за производство и дистрибуција на хероин, метамфетамин и марихуана, како и за нарачка на голем број убиства. Во обвинението стоеше дека неговите платени убијци ликвидирале стотици луѓе, како и дека напаѓал, киднапирал и мачел ривали. За време на судскиот спор беа откриени и бројни шокантни детали од неговиот живот, како и дека наводно го подмитил бившиот мексикански претседател Нето со 100 милиони долари.