НАМАЛЕН КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Лондон,(Ројтерс)

    НАМАЛЕН КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА МАКЕДОНИЈА

    Рејтинг агенцијата Фич го намали кредитниот рејтинг на Македонија од „ББ+“ на „ББ“, го објави Ројтерс соопштението на агенцијата доцна во петокот навечер.

    Рејтингот на долгорочните обврзници во локална и странска валута е исто така намален од од „ББ+“ на „ББ“.

    Намалувањето на кредитниот рејтинг со натамошна негативна перспектива се должи на политичката криза Македонија, која започна со објавувањето на големи обвинувања за корупција во февруари 2015 година, пишува Ројтерс. Според кредитната рејтинг агенција „обвинувањата за корупција ги потврдуваат недостатоците во стандардите на добро владеење“.

    Како причина за намалувањето на кредитниот рејтинг се наведува и неуспехот на договорот од Пржино од минатата година и неуспешните обиди да се одржат предвремени парламентарни избори во април и јуни оваа година.

    Рејтинг агенцијата ги бележи и повеќемесечните протести, бојкотот на Парламентот од страна на главната опозициска партија и опструкциите што во истрагите за корупција на високо ниво му се прават на Специјалниот обвинител.

    Ројтерс објавува дека нестабилната политичката ситуација придонесе за “мини-паника” во април, што предизвика повлекување на дел од граѓанските банкарски депозити. Во соопштението на агенцијата се споменува и последното задолжување од 450 милиони евра во јули, кое поради политичката криза е со повисока камата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира