НАШИТЕ НУКЛЕАРНИ ПРОБИ ВЕЌЕ НЕМА ДА ТИ ГО ПРЕКИНУВААТ СОНОТ, МУ РЕКОЛ КИМ НА МУН

    НАШИТЕ НУКЛЕАРНИ ПРОБИ ВЕЌЕ НЕМА ДА ТИ ГО ПРЕКИНУВААТ СОНОТ, МУ РЕКОЛ КИМ НА МУНКим и Мун заеднички посадија дрво како симбол на мирот и просперитетот (Фото: Гети)

    Ким Џонг-Ун му ветил на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин дека отсега ќе може спокојно да спие, бидејќи Северна Кореја веќе нема да прави нуклеарни и ракетни проби.

    Ким денеска стана првиот севернокорејски лидер кој влегол во Јужна Кореја, при што се сретна со Мун во пограничната демилитаризирана зона.

    „Слушнав дека твојот утрински сон во многу наврати бил прекинат, затоа што поради нас си морал да присуствуваш на седница на националниот безбедносен совет. Можам да ти ветам дека твојот утрински сон отсега веќе нема да биде вознемируван“, му рекол Ким на Мун, ветувајќи дека ќе прекине со тестовите, од кои до пред некој месец стравуваше целиот свет.

    Ким предводи десетчлена делегација на Северна Кореја, вклучувајќи ја и неговата моќна сестра Ким Јо-Јонг.

    Ким и Мун цело време се смееја и се држеа за раце додека влегуваа во Куќата на мирот, ветувајќи почеток на нова ера.

    За да ја одбележат нема само историската средба, туку и новиот почеток за полуостровот, двајцата лидери заеднички посадија дрво, користејќи вода и ѓубриво од двете земји. Тие признаа дека очекуваат многу од денешната средба.

    „Границата не е висока и конечно може да се избрише, за да ја поминат голем број луѓе“, рекол Ким.

    Средбата ќе биде заклучена со вечера на јужнокорејската страна на границата, а претходно, тие ќе дадат и заедничка изјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира