НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕМНИЦ ПО УБИСТВОТО ЗА КОЕ СЕ ОБВИНЕТИ МИГРАНТИ

    НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕМНИЦ ПО УБИСТВОТО ЗА КОЕ СЕ ОБВИНЕТИ МИГРАНТИУбиството на 35-годишник се случило на уличен фестивал и за него се осомничени Сириец и Ирачанец (Фото: Ројтерс)

    Најмалку шест луѓе се повредени откако во источногерманскиот град Кемниц се судрија ривалските крајнодесничарски и левичарски демонстранти, кои излегоа на улиците по убиството за кое се обвинети двајца мигранти од Блиски Исток.

    Стотици десничарски активисти се собраа во центарот на градот втор ден, откако Сириец и Ирачанец беа притворени под сомнение дека убиле 35-годишник за време на уличен фестивал, чие одржување потоа беше откажано. Убиениот Даниел Х. бил од мајка Германка и татко Кубанец.

    „Тие ја нападнале жртвата без очигледна причина“, изјавија обвинителите за инцидентот, во кој сериозно се повредени уште две лица.

    Убиството доведе до дводневни насилни протести на улиците на Кемниц, при што двете страни маршираа оддалечени само неколку метри. Левичарските групи ја обвинија другата страна дека го политизира убиството. Во протестите биле нападнати и Афганистанец, Сириец и Бугарин.

    „Одмаздничка правда нема да се толерира“, изјави канцеларката Ангела Меркел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира