НАСИЛСТВА И СУДИРИ СО ПОЛИЦИЈАТА НА ДЕНЕШНИТЕ МАСОВНИ ПРОТЕСТИ НИЗ ФРАНЦИЈА ПРОТИВ ПЕНЗИСКИТЕ РЕФОРМИ

    НАСИЛСТВА И СУДИРИ СО ПОЛИЦИЈАТА НА ДЕНЕШНИТЕ МАСОВНИ ПРОТЕСТИ НИЗ ФРАНЦИЈА ПРОТИВ ПЕНЗИСКИТЕ РЕФОРМИМали групи демонстранти фрлаа камења, палеа огнови и кршеа прозорци (Фото: АФП)

    Француската влада соопшти дека повеќе од милион луѓе учествувале во денешните национални протести против пензиските реформи, со кои старосната граница за одење во пензија ќе се покачи од 62 на 64 години. Полицијата кажа дека во Париз се уапсени 26 луѓе откако протестите станале насилни и додаде дека на улиците излегле 119.000 луѓе, додаде синдикатот ЦГТ ја процени бројката на околу 800.000.

    Неколку дена откако француската влада тесно го преживеа гласањето за доверба во парламентот, за денеска беа најавени повеќе од 200 протести низ земјата и меѓу другото, беше блокиран приодот кон аеродромот „Шарл де Гол“.

    Во Париз, како и во некои други градови имаше повремени судири помеѓу полицијата и мали групи демонстранти, кои фрлаа камења, палеа огнови и кршеа прозорци, но синдикатите и левичарските партии го прогласија денот за успешен.

    И додека владата се надева дека протестите ќе стивнат, опозициските партии ветуваат дека тоа нема да се случи. Претседателот Макрон синоќа на телевизија ги опиша протестите како легитимни, но кажа дека владата нема да се премисли околу законот кој беше усвоен без гласање во парламентот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира