НАТЕПАН СОПРУГОТ НА ПЕЛОСИ ВО НИВНИОТ ДОМ ВО САН ФРАНЦИСКО

    НАТЕПАН СОПРУГОТ НА ПЕЛОСИ ВО НИВНИОТ ДОМ ВО САН ФРАНЦИСКОСпикерката Пелоси не била дома во моментот на нападот. (Фото: Твитер/принтскрин)

    Сопругот на спикерката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси, Пол, бил насилно нападнат од напаѓач кој провалил во нивниот дом во Сан Франциско рано утринава по локално време. Тој е во болница и се очекува целосно да закрепне од повредите, кажа портпаролот на Пелоси, Дру Хамил.

    Спикерката Пелоси не била дома во моментот на нападот. Портпаролот кажа дека напаѓачот е приведен и се истражува мотивот на нападот.

    „Спикерката и нејзиното семејство се благодарни на итните служби кои интервенираат и бараа да се почитува приватноста во моментов“, додаде Хамил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира