НАТО ЌЕ ИСПРАТИ НОВИ БОРБЕНИ ЕДИНИЦИ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА

    НАТО ЌЕ ИСПРАТИ НОВИ БОРБЕНИ ЕДИНИЦИ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПАЈенс Столтенберг најави дека НАТО ќе испрати и дополнителна помош во Украина (Фото: Гети)

    НАТО планира дополнително да го засили своето источно крило, најави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додека руската инвазија на Украина утре влегува во вториот месец.

    Западната алијанса значително го засили своето присуство на источната граница, испраќајќи 40.000 војници од Балтикот до Црното Море, а сега планира да распореди четири нови борбени единици во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка.

    Дополнителните борбени групи треба да им се придружат на постојните четири борбени единици, кои бројат околу 5.000 војници, кои беа распоредени во трите балтички држави и Полска по руската анексија на Крим во 2014.

    Лидерите на НАТО исто така се согласија да испратат дополнителна помош во Украина, вклучувајќи заштитна опрема од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани.

    „Русија мора да запре со својата опасна и неодговорна нуклеарна реторика. Русија мора да разбере дека никогаш нема да победи во нуклеарна војна“, изјави Столтенберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира