НАТО РАЗГОВАРА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НУКЛЕАРНИ ПРОЕКТИЛИ ПОРАДИ ЗАКАНИТЕ ОД РУСИЈА И КИНА

    НАТО РАЗГОВАРА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НУКЛЕАРНИ ПРОЕКТИЛИ ПОРАДИ ЗАКАНИТЕ ОД РУСИЈА И КИНАЈенс Столтенберг вели дека НАТО мора да му го покаже на светот својот нуклеарен арсенал (Фото: СДК.МК)

    НАТО разговара за дополнително распоредување нуклеарно оружје поради заканите кои доаѓаат од Русија и Кина, изјави шефот на западната воена алијанса Јенс Столтенберг. Тој кажа дека НАТО мора да му го покаже на светот својот нуклеарен арсенал со цел да испрати јасна порака до своите непријатели.

    „Има директни консултации помеѓу членките на НАТО за вадење проектили од складишта и за нивно ставање во состојба на готовност. Ваквата транспарентност треба да послужи како одвраќање. Не би навлегувал во детали колку нуклеарни проектили би требало да бидат оперативни, а колку во складишта и тоа е она за што сега се консултираме“, изјави Столтенберг во интервјуто за британски „Телеграф“.

    Тој смета дека нуклеарната транспарентност треба да биде столб на нуклеарната стратегија на НАТО да се подготви за еден многу поопасен свет.

    Пред една деценија, кога Столтенберг стана шеф на НАТО, нуклеарните проби се одвиваа во целосна тајност. Тој сега отворено ги фали сите членки на НАТО што придонесуваат за одвраќањето, вклучувајќи ја Холандија, која неодамна инвестираше во борбени авиони способни да носат американско нуклеарно оружје.

    Столтенберг предупреди дека Кина особено вложува во модерно вооружување, додавајќи дека нејзиниот нуклеарен арсенал ќе порасне на 1.000 боеви глави до 2030 година.

    „Тоа значи дека во не така далечна иднина НАТО би можел да се соочи со нешто со што досега не се соочил: два противника на нуклеарен погон, Кина и Русија. Тоа секако ќе има последици“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира