НАТО СЕ СПРЕМА ДА ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА, ТОА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО НУКЛЕАРНА ВОЈНА, КАЖА ПУТИН ВО ГОДИШНОТО ОБРАЌАЊЕ

    НАТО СЕ СПРЕМА ДА ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА, ТОА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО НУКЛЕАРНА ВОЈНА, КАЖА ПУТИН ВО ГОДИШНОТО ОБРАЌАЊЕПутин вели дека во Русија постои повеќевековно единство кое создаде непобедлива сила (Фото: АП)

    Владимир Путин го обвини западот дека сака да ја уништи Русија, во својот годишен говор за состојбата на нацијата, што го држи во пресрет на претседателските избори и среде офанзивата на руските сили во Украина. Тој му порача на НАТО дека ќе биде поразен ако ја нападне Русија, што, пак, би можело да поттикне нуклеарна војна.

    „Тие се подготвуваат да ја нападнат нашата територија, користејќи ги своите најдобри и најделотворни сили. Но, се сеќаваме на судбината на оние кои се обидоа да извршат инвазија на нашата територија и, секако, нивната судбина ќе биде многу потрагична од сѐ со што би можеле ние да се соочиме. Тие не сфаќаат дека и ние имаме оружје, оружје со кое можеме да ги победиме на нивна територија. Сето ова е многу опасно зашто може да предизвика нуклеарна војна“, изјави Путин во рускиот парламент

    САД, Велика Британија и Германија се меѓу земјите кои кажаа дека не планираат да испратат свои војници во Украина, откако Емануел Макрон рече дека ништо не треба да се исклучи.

    Путин продолжи дека западот сакал да создаде декадентна држава во Русија, но изгубил.

    „Во Русија постои повеќевековно единство кое создаде непобедлива сила. Русија е столб на демократијата и нема никому да му дозволиме да се меша во нашите внатрешни работи. Западот сака да нѐ подели, ослабне и да го спречи нашиот развој“, рече Путин.

    Опишувајќи го својот говор како поглед во иднината, Путин кажа дека има проблеми кои треба да се решат и додаде дека цела Русија ги поддржува војниците на фронтот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира