НАТО ВЕТИ ДЕКА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ЌЕ ДОБИЕ ПРОЕКТИЛИ И ДРОНОВИ

    НАТО ВЕТИ ДЕКА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ЌЕ ДОБИЕ ПРОЕКТИЛИ И ДРОНОВИЛидерите на НАТО се согласија да се засили одбраната на истокот на Европа (Фото: АП)

    НАТО ќе ја снабди украинската војска со противтенковски и противвоздушни системи и дронови, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, но нема да испраќа свои трупи во Украина.

    „Тоа би значело вклучување во директен конфликт со руските трупи“, кажа Столтенберг.

    Тој ги пофали храброста и посветеноста на Украинците додека се борат за слобода и својата иднина.

    „Тие го инспирираа светот со својот херојски отпор на бруталната војна на Русија“, кажа шефот на НАТО, чиј мандат беше продолжен за уште една година.

    На самитот во Брисел, лидерите на НАТО се согласија да се засили одбраната на истокот на Европа, при што ќе бидат испратени четири нови борбени групи во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка. НАТО истовремено ја повика Кина да се воздржи од обезбедување економска и воена помош на Русија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира