НАТО ВЕТИ НОВА ПОМОШ ЗА УКРАИНА СО ЦЕЛ ДА Ѝ ПОМОГНЕ ДА ЈА ПРЕБРОДИ ТЕШКАТА ЗИМА

    НАТО ВЕТИ НОВА ПОМОШ ЗА УКРАИНА СО ЦЕЛ ДА Ѝ ПОМОГНЕ ДА ЈА ПРЕБРОДИ ТЕШКАТА ЗИМАСтолтенберг кажа дека вратите на НАТО остануваат отворени за Украина (Фото: АП)

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека остануваат со Украина, додавајќи дека таа еден ден ќе биде членка на западната воена алијанса.

    Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО се собраа во Букурешт за да изнајдат начини како да им помогнат на милиони Украинци кои се без струја и греење и да ја изразат поддршката за украинската војска пред зимската воена кампања.

    „НАТО ќе биде со Украина колку што е потребно. Нема да отстапиме. Поддршката за Украина е нашиот главен фокус. Вратите на НАТО се отворени. Русија не може да стави вето на приемот на нови членки. Путин наскоро ќе ги добие и Шведска и Финска во НАТО, а го поддржуваме и идното членство на Украина. Путин не може да спречи суверени нации да носат суверени одлуки. Мислам дека она од што тој се плаши се демократија и слобода“, кажа Столтенберг.

    Во услови кога двете страни не отстапуваат и нема политички разговори за завршување на војната, западните дипломати предупредуваат дека Украина ја чека тешка зима, што дополнително се влошува со секој нов руски ракетен напад на цивилната инфраструктура. Додека траеше состанокот во Букурешт, низ Украина повторно се огласија сирени за воздушна тревога.

    За време на дводневната средба, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ќе објави значајна американска помош за украинскиот енергетски сектор, а се очекува и помош во пари, гориво, генератори, медицински залихи, оружје и муниција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира