НАУЧНИЦИ ОД ЛОНДОН И СИНГАПУР ПРОНАЈДОА ЛЕК КОЈ ГО ЗАБАВУВА СТАРЕЕЊЕТО, УСПЕШЕН Е КАЈ ЖИВОТНИ И СЕ ТЕСТИРА НА ЛУЃЕ

    НАУЧНИЦИ ОД ЛОНДОН И СИНГАПУР ПРОНАЈДОА ЛЕК КОЈ ГО ЗАБАВУВА СТАРЕЕЊЕТО, УСПЕШЕН Е КАЈ ЖИВОТНИ И СЕ ТЕСТИРА НА ЛУЃЕ„Иако нашето истражување беше направено на глувци, се надеваме дека овие наоди ќе бидат многу релевантни за здравјето на луѓето, имајќи предвид дека видовме слични ефекти во студиите на човечките клетки и ткива“, рече професорката Аниса Виџаја. (Фото: Би-Би-Си)

    Научници од Лондон и Сингапур објавија дека откриле лек кој го зголемил животниот век на лабораториските глувци за речиси 25 отсто и се надеваат дека може да го забави и човечкото стареење. Глувците во лабораторија биле познати како „супермодел баби“ поради нивниот младешки изглед. Тие биле поздрави, посилни и развиле помалку видови рак од нивните врсници без лекови. Лекот веќе се тестира на луѓе, но не се знае дали би го имал истиот ефект против стареење.

    Потрагата по подолг живот отсекогап постои низ човечката историја, а сега полето на истражувањето за стареење цвета. Тимот од  лабораторијата за медицинска наука МРЦ, Империал колеџ во Лондон и Медицинскиот факултет Дјук-НУС во Сингапур истражувале протеин наречен интерлеукин-11. Нивоата на овој протеин се зголемуваат во човечкото тело како што старееме и придонесува за повисоки нивоа на воспаление.

    Научниците извршија два експеримента, во првиот биле вклучени глувци создадени со генетски инженеринг, што тие не беа во можност да произведат интерлеукин-11. Во вториот експеримент, тимот чекаше додека глувците не наполнат 75 недели (приближно на 55-годишна личност) и потоа редовно им даваа лек за да го исчистат интерлеукин-11 од нивните тела.

    Резултатите, објавени во списанието „Нејчр“ покажаа дека животниот век е зголемен за 20-25% во зависност од експериментот и полот на глувците. Старите лабораториски глувци често умираат од рак, но глувците на кои им недостигаше интерлеукин-11 имаа далеку пониски нивоа на болеста. И тие покажаа подобрена мускулна функција, беа послаби, имаа поздраво крзно.

    Големите неодговорени прашања се дали истиот ефект може да се постигне кај луѓето и дали некои несакани ефекти би биле толерантни.

    Интерлеукин-11 има улога во човечкото тело за време на раниот развој. Научниците сметаат дека подоцна во животот, интерлеукин-11 има лошо влијание улога во поттикнувањето на стареењето. Професорот Стјуарт Кук рече дека испитувањата не биле завршени, меѓутоа, податоците сугерираат дека лекот е безбеден за земање.

    Ова е најновиот пристап за „лекување“ на стареењето, со лекови. Лековите за дијабетес тип 2 „метформин“ и „рапамицин“, кои се земаат за да се спречи отфрлање на трансплантацијата на органи, активно се истражуваат поради нивните својства против стареење.

    „Иако нашето истражување беше направено на глувци, се надеваме дека овие наоди ќе бидат многу релевантни за здравјето на луѓето, имајќи предвид дека видовме слични ефекти во студиите на човечките клетки и ткива“, рече професорката Аниса Виџаја од Медицинскиот факултет Дјук-НУС.

    Иларија Белантуоно, професорка по мускулно-скелетно стареење на Универзитетот во Шефилд рече дека сè уште има проблеми, меѓу кои и недостатокот на докази кај пациентите и трошоците за производство на такви лекови, а и „незамисливо е секој 50-годишник да го прима овој лек до крајот на животот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира