НАВАЛНИ ИЗЛЕЗЕ ОД БЕРЛИНСКАТА БОЛНИЦА КАДЕ ШТО СЕ ЛЕКУВАШЕ ЕДЕН МЕСЕЦ

    НАВАЛНИ ИЗЛЕЗЕ ОД БЕРЛИНСКАТА БОЛНИЦА КАДЕ ШТО СЕ ЛЕКУВАШЕ ЕДЕН МЕСЕЦТестовите покажаа дека Навални бил отруен со советски нервен отров од групата новичок (Фото: ЕПА)

    Отруениот руски опозиционер Алексеј Навални излезе од берлинската болница каде што се лекуваше еден месец. Од болницата „Чарите“ соопштија дека завршиле со акутната медицинска нега, бидејќи состојбата на 44-годишниот Навални значително се подобрила.

    Навални објави фотографија на социјалните мрежи како стои без ничија поддршка, со порака до лекарите дека му овозможиле целосно заздравување.

    Тестовите што ги направија лаборатории во Германија, Франција и Шведска покажаа дека тој бил отруен со советски нервен отров од групата новичок, во што неговите приврзаници веднаш се посомневаа. Навални колабираше на авионскиот лет од Сибир до Москва на 20 август и после два дена беше превезен на лекување во Германија.

    „Навални помина 24 дена на интензивна нега. Лекарите веруваат дека неговото целосно заздравување е можно, но засега е рано да се каже какви ќе бидат долготрајните ефекти на труењето“, соопштија од „Чарите“.

    Навални претходно најави дека планира да се врати во Русија по лекувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира