НАВАЛНИ ЌЕ БИДЕ ПРЕФРЛЕН НА ЛЕКУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА

    НАВАЛНИ ЌЕ БИДЕ ПРЕФРЛЕН НА ЛЕКУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈАРуските лекари велат дека состојбата на Навални е стабилна (Фото: Ројтерс)

    Руските доктори кои го лекуваат најголемиот критичар на Путин, Алексеј Навални, го променија мислењето и дозволија тој да биде префрлен во Германија. Тие претходно кажаа дека 44-годишниот Навални е во премногу лоша состојба за да може да патува.

    Навални од вчера е во кома и приклучен на респиратор во болницата во сибирскиот град Омск и неговите приврзаници веруваат дека бил отруен, обвинувајќи ги властите дека се обидуваат да го прикријат тоа.

    Германски медицински авион уште утрово слета во Омск и се очекува да полета за Берлин во наредните часови.

    „Состојбата на пациентот е стабилна“, изјави заменик директорот на болницата во Омск, Анатоли Калиниченко.

    Тој претходно кажа дека не се пронајдени докази дека Навални е отруен и дека неговата состојба можеби се должи на метаболично пореметување.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира