НАВАЛНИ ОСУДЕН НА ТРИ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР

    НАВАЛНИ ОСУДЕН НА ТРИ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОРНавални беше во притвор од 17 декември кога се врати во Русија од лекувањето во Германија (Фото: Ројтерс)

    Најжестокиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, е осуден на три и пол години затвор откако московски суд денеска му ја активираше условната казна. Неговото појавување во суд беше проследено со протести, при што беа уапсени стотици лица.

    Навални е осуден за кршење на правилата за условна казна, што неговите адвокати го опишаа како апсурдно, имајќи предвид дека тој од август се лекуваше во Берлин од труењето со нервен агенс новичок. Навални и во судницата го обвини Владимир Путин за труењето.

    Навални беше уапсен на 17 јануари на аеродромот во Москва веднаш по враќањето од Германија, по што му беше одреден 30-дневен притвор. Овој чин доведе до масовни протести низ Русија во изминатите два викенда, за кои властите кажаа дека се незаконски, при што беа приведени илјадници луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира