НЕ ОДЕТЕ НА РАБОТА АКО ИМАТЕ СИМПТОМИ, КАЖАА АВСТРАЛИСКИТЕ ВЛАСТИ ПО РЕКОРДНИОТ ПОРАСТ НА БРОЈОТ НА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

    НЕ ОДЕТЕ НА РАБОТА АКО ИМАТЕ СИМПТОМИ, КАЖАА АВСТРАЛИСКИТЕ ВЛАСТИ ПО РЕКОРДНИОТ ПОРАСТ НА БРОЈОТ НА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСМелбурн е на половина од шестнеделниот карантин, но тој би можел да биде продолжен (Фото: Ројтерс)

    Австралија го регистрираше најголемиот дневен пораст на бројот на нови случаи на коронавирус досега и властите на сојузната држава Викторија предупредија дека тамошниот карантин би можел да трае и подолго од шест недели доколку луѓето продолжат да одат на работа кога не се чувствуваат добро.

    Втората најнаселена држава во Австралија потврди нови 532 случаи на зараза, а уште 17 има во остатокот од земјата, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата. Во Викторија сега има повеќе од 4.500 активни случаи, како и 77 починати од ковид-19, што е речиси половина од националниот трагичен биланс.

    „Ако имате треска, главоболка, ако ве гребе грлото, не одете на работа. Тоа е она поради што бројките растат и карантинот нема да заврши доколку луѓето не престанат да одат на работа со симптоми. Место тоа, одете да се тестирате“, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.

    Мелбурн, кој има пет милиони жители, е на половина од шестнеделниот карантин, но Ендрјус најави воведување нови мерки.

    Истовремено, Кина потврди 61 нов случај на коронавирус во изминатите 24 часа, што е најголема дневна бројка уште од 6 март. Од нив, 57 се случаи на локално пренесување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира