НЕ ПРИФАЌАМ ДРУГО РЕШЕНИЕ ЗА ГАЗА ОСВЕН НЕЈЗИНО ПРЕЗЕМАЊЕ ОД САД, ВЕЛИ НЕТАНЈАХУ

    НЕ ПРИФАЌАМ ДРУГО РЕШЕНИЕ ЗА ГАЗА ОСВЕН НЕЈЗИНО ПРЕЗЕМАЊЕ ОД САД, ВЕЛИ НЕТАНЈАХУНетанјаху вели дека во Газа нема да има ни Хамас, ни Палестинска самуправа (Фото: АП)

    Бенјамин Нетанјаху нагласи дека е посветен кон планот на Доналд Трамп за преземање и развивање на Појасот Газа.

    Како што реков и ден по завршувањето на војната во Газа, таму нема да има ни Хамас, ни Палестинска самуправа. Посветен сум кон планот на Доналд Трамп за создавање поинаква Газа“, изјави Нетанјаху.

    Тој реагираше откако „Скај њуз Арабија“ објави дека Хамас се подготвува да ја предаде контролата врз Газа на полуавтономната Палестинска самоуправа, чие седиште е на Западен Брег. Повикувајќи се на извори од Египет, овој медиум објави дека Хамас се согласил да воспостави привремен комитет кој ќе ја надгледува обновата на Газа.

    Трамп неодамна предложи план за преземање на Газа и за преселба на 2,3 милиони Палестинци во земји како Египет и Јордан, што меѓународната заедница го опиша како етничко чистење.

    Нетанјаху вчера го нагости американскиот државен секретар Марко Рубио, кој ја поддржа визијата на Трамп за Газа како храбра, додавајќи дека е потребна промена за да се обезбеди поинаква иднина за регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира