НЕ САКАМЕ ДА СЕ ФАЛИМЕ, НО ЈА ДОБИВАМЕ ТРКАТА ВО ВООРУЖУВАЊЕТО СО ЗАПАДОТ, ВЕЛИ РУСИЈА

    НЕ САКАМЕ ДА СЕ ФАЛИМЕ, НО ЈА ДОБИВАМЕ ТРКАТА ВО ВООРУЖУВАЊЕТО СО ЗАПАДОТ, ВЕЛИ РУСИЈАНекои поранешни западни лидери зборуваат за нова студена војна помеѓу Русија и Кина од една и САД и нивните сојузници на другата страна

    Русија има предност во производството на оружје во однос на западот и планира да ја задржи стапката на раст на високо ниво, изјави рускиот вицепремиер Денис Мантуров, откако и Русија и западот ја засилија трката во вооружувањето по почетокот на војната во Украина.

    Украина и нејзините западни поддржувачи го зголемија производството на оружје со цел да ѝ помогнат да ја порази Русија, која, пак, го обвинува западот за војната.

    „Не сакам да се фалам, но можам да кажам дека почнавме да имаме предност и порано од западните земји го засиливме темпото на производство на оружје. Друго прашање е колку ќе трае оваа трка“, изјави Мантуров, додавајќи дека планот за вооружување 2025-2034 треба да биде одобрен догодина.

    Владимир Путин и министерот за одбрана Сергек ј Шојгу кажаа дека производството на артилерија, дронови, тенкови и оклопни возила е во пораст.

    Некои поранешни западни лидери зборуваат за нова студена војна помеѓу Русија и Кина од една и САД и нивните сојузници на другата страна, иако руската економија од 2.000 милијарди долари би можела да има проблеми да се спротивстави на целата моќ на западот на долги патеки. Според Меѓународниот монетарен фонд, номиналниот бруто домашен производ на САД оваа година изнесувал 27.000 милијарди долари, а на Кина 17.700 милијарди.

    „Мора да ги обновиме резервите и да одржиме висока стапка на производство. Обемот на нарачките за одбраната е удвоен, додека производството на некои оружја е десеткратно зголемен“, кажа Мантуров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира