НЕ САКАМЕ ПОКАНА ОД СОЖАЛУВАЊЕ, ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ ГИ ДОВРШИМЕ РЕФОРМИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, ВЕЛИ УКРАИНА

    НЕ САКАМЕ ПОКАНА ОД СОЖАЛУВАЊЕ, ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ ГИ ДОВРШИМЕ РЕФОРМИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, ВЕЛИ УКРАИНАУрсула фон дер Лајен во петокот го посети Киев за да ја потврди поддршката од ЕУ (Фото: АФП)

    Украина за две години ќе ги доврши реформите потребни за членство во Европската Унија, изјави вицепремиерката Олга Стефанишина, додавајќи дека земјата не сака да добие покана од сожалување на претстојната лидерска средба, на која ќе се разговара за проширувањето на блокот.

    Европската комисија в среда ќе го објави својот извештај за тоа со кои земји треба да се отворат пристапни преговори.

    Не сакаме попусти поради војната. Двегодишната временска рамка за која зборуваме е само за да се осигураме дека сме подготвени за членство во однос на правното изедначување, стандардите и правилата и обврските од директивата“, изјави Стефанишина.

    Таа е убедена дека Брисел ќе донесе одлука во полза на Украина.

    Сите во земјата сме обединети околу две цели: победа во војната и дека следниот ден по победата нема да ги почнеме пристапните преговори, туку ќе ги заокружиме“, рече Стефанишина.

    Германија минатата недела сугерираше дека интеграцијата на Украина и на другите земји во ЕУ може да се забрза со бенефиции доделени долго пред пристапувањето, како одреден пристап до единствениот пазар и статус на набљудувач на лидерските самити. Ова беше поздравено од Македонија, која чека на прием речиси 20 години.

    Украина и Молдавија минатото лето беа додадени меѓу официјалните кандидати за членство, со препорака да спроведат седум кластери на реформи. Во својот полугодишен извештај, еврокомесарот на проширување Оливер Вархелји кажа дека Украина исполнила два од овие чекори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира