НЕ САКАВ ДА БИДАМ МЕЃУ ПРВИТЕ, ТУКУ ВО СРЕДИНА, КАКО ОБИЧЕН ГРАЃАНИН, КАЖА ВУЧИЌ ОТКАКО СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ КОВИД-19

    НЕ САКАВ ДА БИДАМ МЕЃУ ПРВИТЕ, ТУКУ ВО СРЕДИНА, КАКО ОБИЧЕН ГРАЃАНИН, КАЖА ВУЧИЌ ОТКАКО СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ КОВИД-19Вучиќ ја прими првата доза од кинеската вакцина „Синофарм“ во рударското село Рудна Глава (Фото: Н1)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се вакцинираше против ковид-19. Тој ја прими вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ во здравствениот дом во селото Рудна Глава, во близина на Мајданпек.

    „Сѐ помина во најдобар ред, ништо не почувствував“, изјави Вучиќ, додавајќи дека е среќен што гледа редици со луѓе кои чекаат да се вакцинираат.

    Тој додаде дека втората доза ќе ја прими некаде на југот на Србија.

    „Мислев за три недели да одам на југ за ревакцинацијата и да го направам тоа во Мерошин или Бабушница“.

    Вучиќ појасни и зошто дури сега се вакцинира против ковид-19.

    „Реков во почетокот дека ќе почекам да се вакцинираат еден милион луѓе. Премиерката се вакцинираше меѓу првите, а јас сакав кога и народот, некаде во средина, како обичен граѓанин на Србија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира