НЕ СМЕ НА ПРОДАЖБА – ДАНСКА ОДГОВОРИ НА ИДЕЈАТА НА ТРАМП ДА ГО КУПИ ГРЕНЛАНД

    НЕ СМЕ НА ПРОДАЖБА – ДАНСКА ОДГОВОРИ НА ИДЕЈАТА НА ТРАМП ДА ГО КУПИ ГРЕНЛАНДOстровот во Северниот Леден Океан е автономна територија во рамките на Кралството Данска, и има 50 илјади жители. (Фото: Гети)

    „Отворени сме за бизнис соработка, но не сме на продажба“, рече министерот за надворешни работи на Данска Ане Лоне Багер за интересот на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи островот Гренланд, автономна територија во рамките на Кралството Данска.

    Трамп во септември ќе оди на првата официјална посета на Копнехаген, а Северниот Пол е на агендата во рамки на средбите со премиерот Мете Фредериксен и лидерот на Гренланд Ким Килсен.

    „Волстрит џурнал“ објави дека претседателот на неколку пати рaгзоварал со неговите советници за купување на островот во Северниот Леден Океaн, откако дознал за неговите природни ресурси и геополитичко значење.

    Данските политичари ја исмејуваат идејата за продажба на најголемиот остров на светот.

    „Ако навистина размислува за тоа, тогаш ова е конечен доказ дека полудел. Помислата дека Данска ќе ѝ продаде 50 илјади жители на САД е премногу смешна“, изјави портпаролот за надворешни работи на Народната партија на Данска.

    Поранешниот премиер Ларс Локе Расмусен на Твитер напиша: „Ова мора да е првоаприлска шега. Сосема вонсезонски“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари