НЕИЗРАЕЛСКИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ СЕ НАШИ ГОСТИ, КАЖА ХАМАС, БАЈДЕН ДОАЃА ВО ИЗРАЕЛ

    НЕИЗРАЕЛСКИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ СЕ НАШИ ГОСТИ, КАЖА ХАМАС, БАЈДЕН ДОАЃА ВО ИЗРАЕЛВо воздушните напади на Газа се убиени над 2.800 луѓе (Фото: АП)

    Џо Бајден денеска доаѓа во посета на Израел, кој се подготвува да ја засили својата офанзива против Хамас, што предизвика голема хуманитарна криза во Газа и ги зголеми стравувањата од ширењето на конфликтот. Доаѓањето на Бајден беше потврдено откако државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ноќеска ги заврши разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

    Блинкен кажа дека Нетанјаху се согласил да работи на план за испорака на хуманитарната помош во Газа. Според израелската војска, околу 600.000 луѓе ја напуштиле северна Газа, но уште 100.000 и натаму се останати.

    Властите на Газа кажаа дека 2.800 луѓе се убиени во израелските воздушни напади, а над 10.000 се ранети, додека состојбата во болниците е очајна бидејќи недостигаат залихи.

    Израелската војска кажа и дека 500.000 Израелци се евакуирани и раселени од почетокот на нападот на Хамас.

    Хамас кажа дека имаат сѐ што им е потребно за да ги ослободат сите Палестинци од израелските затвори, појаснувајќи дека странците кои биле киднапирани во нападот на 7 октомври се гости и ќе бидат ослободени кога околностите ќе го дозволат тоа. Според израелската војска, во заложништво во Газа се 199 луѓе, додека Хамас тврди дека нивната бројка е меѓу 200 и 250.

    Имаме група притвореници од различни националности. Тие се наши гости и сакаме да ги заштитиме“, изјави Муса Абу Марзук, висок функционер на Хамас.

    Во 2011, Израел ослободи стотици палестински затвореници за да добие само еден израелски војник, кој беше затворен пет години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира