НЕКОЛКУМИНА УБИЕНИ ВО НАПАДОТ СО ЛАК И СТРЕЛА ВО НОРВЕШКА, НАПАЃАЧОТ ПРИВЕДЕН

    НЕКОЛКУМИНА УБИЕНИ ВО НАПАДОТ СО ЛАК И СТРЕЛА ВО НОРВЕШКА, НАПАЃАЧОТ ПРИВЕДЕНПолицијата кажа дека осомничениот напаѓач дејствувал сам (Фото: АП)

    Неколку луѓе се убиени во нападот со лак и стрела во Норвешка, а има и повредени. Полицијата кажа дека инцидентот се случи во градот Конгсберг, југозападно од Осло.

    Шефот на полицијата Ејвинд Ос кажа дека осомничениот напаѓач е уапсен и се чини дека дејствувал сам. Според извештаите, тој се движел низ градот откако го почнал нападот во еден супермаркет.

    Полицијата не го потврди бројот на жртвите, ниту мотивот на нападот, додека локалните медиуми објавија дека има најмалку четворица убиени.

    „Напаѓачот е приведен. Според информациите што ги имаме, тој сам го извршил нападот. Неколку луѓе се повредени и убиени“, изјави Ос, одбивајќи да зборува за точните бројки.

    По нападот, полицијата доби наредба да носи огнено оружје, иако нема назнаки дека има закана по национална безбедност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира