Неколкумина луѓе загинаа во судир на воз и школски минибус во Бугенхут во Белгија, изјави министерот за образование на Фландрија, Зухал Демир. Фламанската телевизија „ВРТ“ извести дека во автобусот имало седум деца и двајца возрасни кога бил удрен од воз на железнички премин во градот, оддалечен 23 километри од Брисел.
Телевизијата „РТЛ“ го цитираше белгискиот министер за сообраќај Жан Лик Круке, кој рекол дека има најмалку четворица загинати, од кои двајца тинејџери.
Портпаролката на федералната полиција Ан Бергер кажа дека несреќата се случила набргу по осум часот, кога рампите на преминот биле спуштени.
Бергер кажа дека во возот нема повредени.



