ЌЕ НЕМА НОВ ДОГОВОР ЗА УКРАИНСКОТО ЖИТО ДОДЕКА ЗАПАДОТ НЕ ГИ ИСПОЛНИ ОБВРСКИТЕ КОН РУСИЈА, КАЖА ПУТИН ПО СРЕДБАТА СО ЕРДОГАН

    ЌЕ НЕМА НОВ ДОГОВОР ЗА УКРАИНСКОТО ЖИТО ДОДЕКА ЗАПАДОТ НЕ ГИ ИСПОЛНИ ОБВРСКИТЕ КОН РУСИЈА, КАЖА ПУТИН ПО СРЕДБАТА СО ЕРДОГАНЕрдоган се надеваше дека ќе го наговори Путин да се врати во договорот (Фото: АП)

    Владимир Путин изјави дека договорот за безбеден извоз на украинското жито преку Црното Море нема да биде обновен додека западот не ги исполни своите обврски за олеснување на извозот на руските земјоделски производи. Тој денеска во Сочи се сретна со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган кој се надеваше дека ќе го наговори Путин да се врати во договорот кој се смета за клучен за глобалното снабдување со храна.

    Русија одби да го продолжи договорот во јули, жалејќи се дека извозот на руските храна и ѓубриво се соочува со пречки и дека недоволни количини украинско жито одат во земји на кои што им е најпотребно. Тие не се најдоа под западните санкции, но Русија кажа дека испораките се попречени од ограничувањата во плаќањето, логистиката и осигурувањето.

    Ако овие обврски бидат исполнети, Русија во најбрзок рок ќе се врати во договорот“, кажа Путин.

    Западот тврди Русија извезла 56 милиони тони жито според сега поништениот договор, заработувајќи 41 милијарда долари.

    Путин исто така кажа дека се финализира договорот со кој ќе се обезбеди бесплатно жито за шест африкански држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира