НЕМА ДА ВОЈУВАМЕ СО РУСИЈА ВО УКРАИНА, НО ЌЕ БРАНИМЕ СЕКОЈ САНТИМЕТАР ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА НАТО, КАЖА БАЈДЕН

    НЕМА ДА ВОЈУВАМЕ СО РУСИЈА ВО УКРАИНА, НО ЌЕ БРАНИМЕ СЕКОЈ САНТИМЕТАР ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА НАТО, КАЖА БАЈДЕНБајден го обвини Путин дека сака да го обнови Советскиот Сојуз (Фото: АП)

    Џо Бајден објави нови, посилни санкции за Русија откако таа денеска лансираше целосен напад на Украина, за кој кажа дека бил планиран со месеци.

    „Путин премести 175.000 војници и воена опрема на украинските граници, изгради полски болници и купи залихи на крв. Тоа доволно зборува за неговите намери. Тој ги отфрли сите понуди за дијалог со западот со кои би се избегнале страдања и конфликт“, кажа Бајден.

    Тој уште еднаш повтори дека американските сили нема да се впуштат во конфликт со Русија во Украина. Пентагон нареди распоредување на 7.000 американски војници во НАТО членките во источна Европа, Летонија, Естонија, Литванија, Полска и Романија.

    „Нашите сили не одат во Европа за да се борат во Украина, туку да ги бранат своите сојузници од НАТО и да им дадат поддршка на сојузниците на истокот. САД со сета сила ќе бранат секој сантиметар од територијата на НАТО. Верувам дека НАТО е пообединет од кога било и не се сомневам дека САД и останатите членки на НАТО ќе ги исполнат своите обврски“, кажа Бајден.

    Бајден тврди дека новите санкции ќе ја запрат способноста на Русија да ја финансира и зголемува својата армија.

    „Санкциониравме руски банки кои заедно располагаат со средства од еден трилион долари. Ја отсековме една од најголемите руски банки, која држи една третина од банкарските средства на земјата. Новите санкции ќе ја ограничат способноста на Русија да води бизнис во долари, евра, јени и фунти“.

    Бајден изјави дека Путин ја исклучи Русија од остатокот на светот и сака да го обнови Советскиот Сојуз.

    „Тој има многу поголеми амбиции од Украина. Тој всушност сака повторно да го воспостави Советскиот Сојуз. Но, нашите санкции ќе ја ослабнат неговата земја“, рече Бајден и додаде дека во план се и санкции против самиот Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира