НЕМА ДОГОВОР ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ТЕНКОВИ, САД ЈА ПОВИКАА УКРАИНА ДА СЕ ВОЗДРЖИ ОД ГОЛЕМА ОФАНЗИВА ПРОТИВ РУСКИТЕ СИЛИ

    НЕМА ДОГОВОР ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ТЕНКОВИ, САД ЈА ПОВИКАА УКРАИНА ДА СЕ ВОЗДРЖИ ОД ГОЛЕМА ОФАНЗИВА ПРОТИВ РУСКИТЕ СИЛИЗеленски верува дека 300 тенкови би им биле доволни за да ја поразат Русија (Фото: АП)

    Западните сојузници денеска ги намалија надежите на Украина за брза испорака на модерни борбени тенкови со кои би ја зајакнала својата огнена моќ за пролетна офанзива против руските сили, додека САД го повикаа Киев да се воздржи од таква операција. Зборувајќи на состанокот во воздушната база Рамштајн во Германија, началникот на генералштабот на американската војска, генералот Мајк Мајли, кажа дека на Украина ќе ѝ биде многу тешко целосно да ги истера руските сили оваа година.

    Од воена гледна точка, тврдам дека оваа година би било многу тешко да се истераат руските сили од секој сантиметар окупирана украинска територија“, кажа Мајли.

    Главното прашање на состанокот беше дали Германија ќе се согласи да испрати тенкови „леопард“ во Украина, односно да им дозволи на другите земји кои ги имаат. На крајот, не беше постигнат договор за испорака на тенковите, туку на Украина ѝ беа ветени големи количини друго оружје, како противвоздушни системи.

    Освен Германија, и САД засега не ги даваат своите тенкови „абрамс“, кои не се вклучени во новата воена помош од 2,5 милијарди долари.

    Германските тенкови „леопард“ се сметаат за најсоодветни за испраќање во Украина, зашто во магацините низ Европа ги има повеќе од 2.000, лесно се одржуваат и дизајнирани се специјално како конкуренција на руските „Т-90“. Украинскиот претседател Зеленски верува дека 300 вакви тенкови би им биле доволни за да ја поразат Русија.

    Наспроти воздржаноста на Германија, Полска е убедена дека сојузниците на Украина можат да формираат коалиција за испраќање тенкови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира