НЕМА НАЗНАКИ ДЕКА ИМАЛО ДРУГИ УЧЕСНИЦИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ВИЕНА

    НЕМА НАЗНАКИ ДЕКА ИМАЛО ДРУГИ УЧЕСНИЦИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ВИЕНАСилни полициски сили денеска се распоредени низ Виена, ден по нападот во кој се убиени четири лица (Фото: АП)

    Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека нема докази дека имало други учесници во синоќешниот терористички напад во срцето на Виена, во кој се убиени четири лица, како и 20-годишниот напаѓач по потекло од Македонија.

    Тој додаде дека во виенските болници се лекуваат 22 жртви на нападот, од кои еден полицаец. Нехамер ја истакна храброста на двајца мигранти, кои му помогнале на ранетиот полицаец и австриските медиуми објавија дека тие имаат турско потекло.

    „По прегледувањето на снимките од мобилните телефони заклучивме дека нема назнаки дека имало уште еден напаѓач“, изјави Нехамер.

    Напаѓачот е идентификуван како 20-годишниот Кујтим Фејзулаи, роден во Виена, но кој имал и австриско и македонско државјанство. Тој е опишан како симпатизер на Исламска држава, кој одлежал неколку месеци затвор во 2019 година за обидот да замине да се бори во Сирија. Нехамер потврди дека Фејзулаи предвреме  бил пуштен од затвор откако поминал низ процес на дерадикализација.

    Пред нападот, Фејзулаи објавил фотографија на Инстаграм, на која позира со оружје. Тој во нападот користел автоматска пушка, пиштол, мачета и лажен елек со експлозив.

    Полицијата извршила претрес во 18 куќи и притоа се приведени 14 лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира