НЕМАТЕ ПРАВО ДА СЕ ЖАЛИТЕ АКО НЕ СТЕ ГЛАСАЛЕ, ВЕЛИ ОБАМА

    НЕМАТЕ ПРАВО ДА СЕ ЖАЛИТЕ АКО НЕ СТЕ ГЛАСАЛЕ, ВЕЛИ ОБАМАПоранешниот претседател Барак Обама вчера првпат зборуваше на политички митинг по заминувањето од Белата куќа. (Фото: АП)

    Поранешниот американски претседател Барак Обама ги предупреди гласачите да не ги земаат изборите здраво за готово.

    „Не знам дали сте забележале досега, но не можете да ги земете изборите здраво за готово“, кажа Обама, кој првпат зборуваше на политички митинг откако си замина од Белата куќа.

    Бившиот претседател синоќа се обрати пред демократите од Њу Џерси да му даде поддршка на кандидатот за гувернер Фил Марфи. Марфи има убедливо водство во анкетите, но Обама вели дека истражувањата на јавното мислење не значат ништо и дека граѓаните немаат право да се жалат подоцна, ако не излезат на гласање.

    „Не ми е гајле што велат анкетите. Не ми е гајле што велат експертите. Важно е само она што се случува во заедницата. Не можете да се жалите ако не сте гласале. Вие се откажувате од вашата моќ и потоа ако некој прави работи спротивни на вашите интереси, тоа не е по негова вина, туку по ваша, бидејќи не сте го искористиле своето уставно право, за кое што луѓе се бореле“, кажа Обама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира