Вчера, Нијагариите Водопади во Канада 15 минути беа осветлени во боите на македонското знаме во чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. Во 21 часот по локално време, Македонското друштво од Онтарио и Јордан Битов од весникот „Торонто стар“ организираа осветлување на водопадите во чест на 59-те починати и скоро 200 повредени од пожарот.

Македонското друшто од Онтарио и Јордан Битов од весникот „Торонто стар“ организираа осветлување на водопадите (Фото: Принтскрин)
Граѓани се собраа пред статуата на Никола Тесла на Нијагарините Водопади за да им оддадат почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март.