НИЗ ЕВРОПА СЕ ОТВОРААТ УЧИЛИШТАТА, ВО НЕКОИ ДРЖАВИ МАСКА ЌЕ МОРА ДА СЕ НОСИ И НА ЧАС

    НИЗ ЕВРОПА СЕ ОТВОРААТ УЧИЛИШТАТА, ВО НЕКОИ ДРЖАВИ МАСКА ЌЕ МОРА ДА СЕ НОСИ И НА ЧАСДржавите имаат различен пристап во минимизирањето на ризикот од ширењето на заразата (Фото: АФП)

    Училиштата низ Европа повторно се отвораат по завршувањето на летниот распуст, додека владите инсистираат на враќањето во училишните клупи по неколку месеци онлајн настава поради пандемијата на коронавирусот. Државите притоа имаат различен пристап во минимизирањето на ризикот од ширењето на заразата.

    Во Англија, наставата ќе се одвива во помали групи со цел да се одржува дистанца, а носењето маска не е задолжително.

    Франција денеска повторно ги отвори училиштата и сите ученици над 11 години мора да носат маска во секоја прилика. Присуството на наставата е задолжително, а основните училишта можат да ги поделат класовите на групи со осум до 15 деца.

    Сите училишта во Германија се отворени уште од почетокот на август и во некои сојузни држави учениците и наставниците мора да носат маска во затворено, освен на часовите.

    Грција планира да ја почне учебната година на 7 септември, при што учениците и наставниците ќе треба да носат маска дури и на час. Класовите ќе бидат ограничени на најмногу 17 ученици.

    Училиштата во Италија се отвораат од 14 септември и во училниците ќе бидат поставени маси за еден ученик. Маска ќе мора да се носи при влегување и излегување од училиштето, не и на час.

    Холандија во фази ги отвораше училиштата минатиот месец. Во основните и средните училишта се одржува физичка настава и од никого не се бара да носи маска.

    И во Шпанија ќе биде задолжително да се оди на училиште кога тие постепено ќе се отвораат во првите три недели од септември. Сите деца над шест години ќе мора постојано да носат маска и да си ги мијат рацете пет пати на ден. Телесната температура ќе се мери секој ден.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира