НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ТРОЈЦА БОРЦИ ПРОТИВ ГЛОБАЛНАТА СИРОМАШТИЈА

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ТРОЈЦА БОРЦИ ПРОТИВ ГЛОБАЛНАТА СИРОМАШТИЈААбхиџит Банерџи, Естер Дуфло и Мајкл Кремер воведоа нов пристап во борбата против глобалната сиромаштија (Фото: АП)

    Американците Абхиџит Банерџи, Естер Дуфло и Мајкл Кремер се добитници на годинашната Нобелова награда за економија за својата борба против глобалната сиромаштија.

    Со 46 години, Дуфло е само втора жена и најмлада личност која досега добила Нобел за економија.

    И покрај драстични подобрувања, сиромаштијата во сите нејзини форми останува еден од најголемите светски проблеми. Повеќе од 700 милиони луѓе живеат со екстремно ниски примања. Годинашните лауреати воведоа нов пристап во борбата против глобалната сиромаштија, поделувајќи го проблемот на помали прашања со кои полесно се управува, на кои потоа се одговара преку внимателно дизајнирани експерименти на терен“, објави Нобеловиот комитет.

    Тројцата добитници, кои често работат заедно, ќе поделат награда од 918.000 долари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира