НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА ЗА ДВАЈЦА НАУЧНИЦИ КОИ ОТКРИЈА НОВ ТРЕТМАН ПРОТИВ РАК НА КОЖА

    НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА ЗА ДВАЈЦА НАУЧНИЦИ КОИ ОТКРИЈА НОВ ТРЕТМАН ПРОТИВ РАК НА КОЖАОткритието на Џејмс Пи Алисон од САД и на Тасуку Хонџо од Јапонија, доведе до лекување за напреден рак на кожа (Фото: АФП)

    Двајцата научници кои открија нов треман во борбата против ракот користејќи го имунолошкиот систем, ја добија Нобеловата награ за медицина за 2018. Откритието на Џејмс Пи Алисон од САД и на Тасуку Хонџо од Јапонија, доведе до лекување за напреден, смртоносен рак на кожа.

    „Терапијата со акцент на имунитетот го револуционизираше лекување на ракот“, соопшти Шведската академија.

    Експерите велат дека откритието се докажа како „неверојатно ефикасно“.

    Алисон, кој е професор на Универзитетот во Текас и Хонџо, професор на Универзитетот Кјото, ќе ја поделат сумата од Нобеловата награда, која изнесува  околу 1.01 милиони долари или 870 илјади евра.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари