ЛИДЕРКАТА НА МЈАНМАР СУ КЈИ СЕ СООЧУВА СО ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ПОРАДИ ПОСЕДУВАЊЕ НЕЛЕГАЛНО ВОКИ ТОКИ

    ЛИДЕРКАТА НА МЈАНМАР СУ КЈИ СЕ СООЧУВА СО ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ПОРАДИ ПОСЕДУВАЊЕ НЕЛЕГАЛНО ВОКИ ТОКИАунг Сан Су Кји е наоѓа во притвор на непозната локација од завчера (Фото: Гети)

    Нобеловката и фактичка лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Кји, се соочува со две години затвор поради незаконски увезени воки токија. Таа се наоѓа во притвор на непозната локација од завчера, кога војската изведе пуч и спречи формирање на новиот парламент.

    Како што објави полицијата од главниот град Најпјитав, во резиденцијата на Су Кји биле пронајдени нелегални комуникациски уреди, што без дозвола биле користени од нејзини телохранители. Ако бидат потврдени, вакви обвиненија носат две години затвор.

    Новата воена власт, која прогласи едногодишна вонредна состојба, ќе спроведе истрага дали имало лажирање на парламентарните избори во ноември, на кои партијата на Су Кји, Национална лига за демократија, освои големо мнозинство.

    Освен Су Кји, притворени се и претседателот на земјата Ви Мјинт и сите 400 новоизбрани пратеници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира