НОВ МАНДАТАР ЗА БУГАРСКА ВЛАДА ЌЕ БИДЕ АСЕН ВАСИЛЕВ, ДОСЕГАШЕН ВИЦЕПРЕМИЕР И МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

    НОВ МАНДАТАР ЗА БУГАРСКА ВЛАДА ЌЕ БИДЕ АСЕН ВАСИЛЕВ, ДОСЕГАШЕН ВИЦЕПРЕМИЕР И МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИПопладнево, претседателот Румен Радев треба да го предаде мандатот на Продолжуваме со промената. - Асен Василев (Фото: Фејсбук/Продолжуваме со промената)

    Асен Василев е кандидат за бугарски премиер на Продолжуваме со промената, објави утринава премиерот во оставка Кирил Петков.

    „Јас предложив на Продолжуваме со промената следниот премиер на Бугарија да се вика Асен Василев. Човек, во кој имам беспрекорна доверба, со кого ја започнавме борбата рамо до рамо и со кого ќе ја завршиме рамо до рамо во еден тим“, изјави Петков.

    Бугарската социјалистичка партија (БСП), еден од партнерите во актуелната владејачка коалиција е на став дека нема да преговара за поддршка на новиот владин кабинет ако Петков е повторно биде предложен за премиер, поради неговата одлука за протерување на 70 руски дипломати.

    Попладнево, претседателот Румен Радев треба да го предаде мандатот на Продолжуваме со промената. Партијата има рок од седум дена да предложи нов владин кабинет. Ако тоа не се случи, мандатот оди кај ГЕРБ на Бојко Борисов, од каде што веќе кажаа дека ќе го вратат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира