НОВ ПОРАЗ НА ЏОНСОН, БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДЛОЖИ ГЛАСАЊЕТО ЗА НЕГОВИОТ ДОГОВОР ЗА БРЕГЗИТ

    НОВ ПОРАЗ НА ЏОНСОН, БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДЛОЖИ ГЛАСАЊЕТО ЗА НЕГОВИОТ ДОГОВОР ЗА БРЕГЗИТЏонсон останува на ставот дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври (Фото: ПА)

    Британскиот парламент го одложи гласањето за последниот договор за брегзит, што е нов пораз на премиерот Борис Џонсон.

    Место да го поддржат планот на Џонсон, кој деновиве доби зелено светло и од Европската Унија, пратениците со 16 гласови разлика го прифатија амандманот на групата предводена од Оливер Летвин, со кој се бара прво да се усвои законска рамка за спроведување на договорот. Џонсон изјави дека не е уплашен и разочаран од последниот пораз и најави дека следната недела ќе ја стави на гласање легислативата за брегзит.

    Иако беше дециден дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври, ова би можело да значи ново одложување.

    „Нема да преговарам со ЕУ за ново одложување, ниту законот ме присилува да го направам тоа“, кажа Џонсон.

    Британија и Европска Унија завчера постигнаа договор за брегзит, но тој треба да биде одобрен од британскиот и од Европскиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира