НОВ ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД – ПРАТЕНИЦИТЕ ГО ЧУВАА ПАРЛАМЕНТОТ, ВУЧИЌ ГИ ОПИША БАРАЊАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА КАКО СМЕШНИ

    НОВ ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД – ПРАТЕНИЦИТЕ ГО ЧУВАА ПАРЛАМЕНТОТ, ВУЧИЌ ГИ ОПИША БАРАЊАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА КАКО СМЕШНИОпозицијата најави нови протести за наредниот викенд ако не ѝ бидат исполнети барањата (Фото: Н1)

    Во Белград денеска се одржа нов протест против Александар Вучиќ, при што демонстрантите излегоа со неколку барања, давајќи ѝ на власта рок до петок да ги исполни.

    Тие побараа слободен пристап до медиумите и формирање заедничка комисија на власта и опозицијата, која ќе дефинира услови за организирање фер и чесни избори. Ако овие услови не бидат исполнети до петок, тие најавија нови протести за наредниот викенд.

    Иако планираше јавно обраќање во текот на денот, Вучиќ се откажал откако ги слушнал барањата и во негово име изјава даде министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

    „Тој се откажа од јавното обраќање бидејќи на тие пораки и говори човек може само да се насмее. Не сакам никого да навредам, но овие барања се смешни“, кажа Стефановиќ.

    Лидерите на протестите уште еднаш нагласија дека нема да запрат сè додека Србија не биде слободна.

    Додека траеше протестот, дел од пратениците од владејачката коалиција останаа во зградата на парламентот, за, како што кажаа, „да ја чуваат од оние кои сакаат со насилство, закани и уцени да ја преземат власта во Србија“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари